Стигна и реакција од УЕФА по повод скандалот со Винициус

По вчерашните непријатни сцени за „Луж“, каде Винициус Жуниор се пожали на расистичките навреди на фудбалерот на Бенча, Џанлука Престијани, се огласи и Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА).

Се очекува истрагата да биде детална, но прилично е тешко да се утврди дали Џанлука Престијани навистина го навредил Винициус.

Устата му беше покриена со дрес, па не може да му се читаат усните. Вини тврди едно, Престијани друго… Затоа, не би било изненадувачки ако нема санкции. Барем не за играчот. Бенфика сигурно ќе плати казни за бројните предмети фрлени на теренот, кои беа насочени кон Винициус кога Бразилецот се приближи до корнер знаменцето.

„Официјалните извештаи од натпреварите што се одиграа синоќа моментално се анализираат. Сите детали што се пријавени и што би можеле да доведат до дисциплински санкции ќе бидат објавени на веб-страницата. Немаме дополнителни информации за јавноста и немаме дополнителни коментари во оваа фаза од истрагата “, изјави УЕФА.

Се вчитува...