Стигна одговор од Хамарби – Ибра се уште не е наш фудбалер

Прославениот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ утрово сподели фотографија од дрес на Хамарби на кој е испишано неговото презиме, што беше окарактеризирано како негово враќање во татковината. Во меѓувреме се огласи и ПР на шведскиот клуб Аксел Першаген, која целата приказна ниту ја потврди ниту ја демантираше.

„Ибрахимовиќ во моментов не е со нас и нема што повеќе да кажам на таа тема. Ако стане наш фудбалер, односно ако потпише договор, тоа ќе го објавиме на нашиот сајт“, изјави Першаген. 

Шведските медиуми ги подгреаја шпекулациите најмногу со фактот дека спортскиот директор на клубот, Јаспер Јансон се наоѓа во Лос Анџелес каде се обидува да го договори Ибрахимовиќ.

Се вчитува...