Една од главните задачи на Реал Мадрид летово е да пронајде начин да го продаде Герет Бејл, а се чини дека на повидок е решението и за овој проблем. Тотенхем е подготвен да го врати Герет Бејл и тоа за сума од 50 до 60 милиони евра.
Сепак, има еден мал проблем, а тоа е што финалистот од Лигата на шампионите не е подготвен на Бејл да му даде годишна плата од 17 милиони евра, колку што заработува во „кралскиот клуб“, туку само половина од тој износ. Бејл би земал плата за повеќе од 50% повисока од онаа на Хари Кејн, а Покетино не сака да создаде бура во соблекувалната.
Реал има опција самиот да му ја исплати на Велшанецот разликата во плата, се со цел да го забрза неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА