Стигна првата понуда од Премиер-лигата, Родриго не сака ни да чуе

Фактот дека беше меѓу резервите на сите натпревари на Реал Мадрид на клупскиот мундијал беше јасна порака до Родриго дека тој не е дел од плановите на новиот тренер Чаби Алонсо.

На Бразилецот му беше ставено до знаење дека летово ќе мора да ги смени клупските бои, Реал бара 100 милиони евра за неговиот трансфер, но Родриго ќе инсистира тоа да биде во клуб што ќе ги задоволи неговите апетити за трофеи. Токму поради тоа, одличниот напаѓач експресно ја отфрлил и првата понуда што ја добил од Премиер-лигата, од раководството на Тотенхем.

„Спарси“ сакаа токму тој да биде главна ѕвезда на тимот, побараа дозвола од Реал Мадрид да стапат во контакт со бразилскиот напаѓач, но веднаш добија „ладен туш“, откако им беше ставено до знаење дека Тотенхем нема шанси да го осигура потписот на овој фудбалер.

Неофицијално, Родриго посакува трансфер во Ливерпул, но прашање е дали тоа би се реализирало ако се знае дека „црвените“ веќе го ангажираа Екитике, а се очекува наскоро да го доведат и Александер Исак.

Се вчитува...