Фудбалската репрезентација на САД е првиот од 32. учесници на Светското првенство што пристигна во Катар, откако слета на меѓународниот аеродром Хамад во Доха. Селекцијата на САД долета од Њујорк, а авионот беше еден од првите што пристигна на новоотворениот дел од аеродромот, пренесува „Франс-прес“.
Американската селекција ќе го започне натпреварувањето на 21. ноември со меч против Велс, четири дена подоцна ќе игра со Англија, а на 29. ноември со Иран.
Целата американска експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а ќе тренира на клупскиот терен Ал-Гарафа, оддалечен околу 15 километри. Селекцијата на САД по 11. пат учествува на светските првенства. Неодамна во Катар пристигнаа членови на селекциите на Аргентина и Јапонија, но не и нивните репрезентации.
USA is the first team to arrive in Doha 🇺🇸☝️
(via manisha86c) #usmnt #usa #ussoccer #worldcup #qatar pic.twitter.com/oc0LSKaBqC
— US Soccer Plus (@ussoccerplus_) November 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА