Бразилецот Нејмар може да дебитира во тимот на Пари Сен Жермен претстојниот викенд, на гостувањето против Генгамп, откриваат француските медиуми. Сертификатот, кој беше последната пречка за регистрацијата на Нејмар за составот на ПСЖ, пристигна во Фудбалската федерација на ПСЖ, а УЕФА тоа ќе го верификува. Ова значи дека најголемото засилување за „светците“ ќе може да настапи веќе на неделниот меч против Генгамп.
Барселона имаше можност да калкулира со сертификатот до 18 август, но одлучи да не одолговлекува и покажа дека нема намера да му наштети на Нејмар во продолжувањето на својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА