Стигнуваат добри вести за состојбата на Грег Попович

Еден од најдобрите и најуспешните тренери во историјата на кошарката, Грег Попович беше хоспитализиран во петокот откако му се слоши во ресторан во Сан Антонио, но набрзо дојде добра вест за закрепнувањето на 76-годишниот стратег.

Како што пренесува кошаркарскиот „инсајдер“ Семс Чаранија, Поповиќ неколку часа по опишаната ситуација во ресторанот излегол од болница и се чувствува добро. Американската јавност беше загрижена по првичните информации, според кои Попович од ресторанот на носилки бил пренесен во брза помош, а потоа хоспитализиран.

До инцидентот во ресторанот во Сан Антонио, американските медиуми пишуваа дека закрепнувањето на Попович е извонредно и дека за пет месеци го постигнал напредокот што повеќето пациенти го постигнуваат за пет месеци.

Во неколку наврати тренерот на Сан Антонио беше во посета на неговиот тим, а играчите рекоа дека се импресионирани од тоа што искусниот стручњак и понатаму со големо внимание ги следи сите случувања во НБА.

Се вчитува...