Стипе Миочиќ откако беше прозван од Џонс: Едвај чекам да го претепам!

Големиот Џон Џонс е нов УФЦ шампион во тешка категорија откако на УФЦ 285 настанот во Лас Вегас уште во првата рунда експресно го победи Сирил Гане.

Џонс, кој е некогашен крал во полутешка категорија и според многумина најголемиот борец на сите времиња, се врати во кафезот по три години. Се очекуваше голема борба со Французинот Гане, но покажа Џонс зошто го сметаат најголемиот во историјата.

По победата го прозва некогашниот шампион Стипе Миочиќ, очигледно барајќи борба со него.

„Така е, го сакам Миочиќ затоа што на фановите им го даваме тоа што тие го сакаат. Спремен сум за таа борба која ја сакам на лето. Стипе, ти си најголемиот тешкаш на сите времиња. Се надевам дека си подготвен“ – му порача Џонс.

И веднаш набрзо го доби одговорот од Стипе Миочиќ…

„Немам што многу да кажам, се гледаме во јули. Не мора нешто посебно да тренирам, ќе работам како и инаку и ќе го претепам. Јас сум подготвен, ја чекав таа борба и сега, но ќе почекаме до лето, не е проблем“ – рече Миочиќ во јавувањето во преност во живо по мечот во Лас Вегас.

Се вчитува...