Стипендии и за 12 млади кикбоксери од Министерството за спорт (ФОТО)

На денешната спортска манифестација „500 Стипендии – поддршка вредна злато” и дванаесет млади кикбоксери беа наградени од страна на Министерството за спорт со стипендија „Спортска надеж на Македонија“.

Министерот за спорт Борко Ристовски им додели дипломи на нашите наградени спортски надежи и со пригоден говор и панел дискусија беа пренесени моќни и суштински пораки до сите 500 спортисти.

Добитници на оваа значајна финансиска помош за младите и перспективни кикбокс-спортисти членови на повеќе клубови на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија се: Давид Атанасовски, Марија Димовска, Силвио Мировски, Петар Илковски, Јадранка Темелкова, Максим Митровски, Адријано Димишковски, Антонио Ташков, Лука Змејковски, Нелсон Узеир, Калин Бебовски и Сара Стојановска.

„Ова е многу добра и значителна финансиска поддршка за нашите млади спортисти. Со вакви проекти и финансиски стимулации со сигурност инвестираме заеднички во подобри спортисти и поголеми спортски резултати. Секоја помош во спортот е добредојдена и навиваме за уште повеќе вакви проекти и инвестиции во спортот” – изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.

Се вчитува...