Соединетите Американски држави ја прегазија Србија 105-79 во контролниот натпревар на турнирот во Абу Даби како дел од подготовките за Летните олимписки игри во Париз.
По мечот селекторот на САД, Стив Кер имаше само зборови на пофалба за Никола Јокиќ за кого вика дека е најдобар кошаркар во светот.
„Никола е најдобриот кошаркар на планетата. Тој е толку добар во сè, но вечерва не беше негова вечер. Србија исто така тренира, ја наоѓа својата форма за Олимписките игри. Ова не беше неговата најдобра вечер, но тој се уште е најдобриот кошаркар во светот“, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

