Србија и САД одиграа фантастичен натпревар во полуфиналето на Олимписките игри, што мораше да го признае дури и тренерот на „дрим тимот“, Стив Кер.
Иако Србија водеше во поголемиот дел од натпреварот, на крајот победија фаворизираните Американци.
„Србија беше брилијантна и навистина морам да бидам искрен во вакви моменти и да кажам дека ми е чест што бев дел од ваков меч. Тоа е еден од најголемите кошаркарски натпревари од кои сум бил дел“, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

