Кошаркарите на САД очекувано остварија две победи во групата и обезбедија пласман во четвртфиналето на Олимписките игри. Сепак, многумина ги интересира дали нешто се случува со Џоел Ембиид, со оглед на тоа што малку играше на турнирот.
Најкорисниот кошаркар од сезоната 2022/23 против Србија одигра само 11 минути, а против Јужен Судан не ни влезе во игра. Оваа одлука Кер ја објасни дека е од тактички причини.
„Игравме против најбрзиот тим на турнирот и сакавме да ги контролираме. Ни дадоа 14 тројки во Лондон, па морав да сменам нешто во одбраната, нашите играчи да бидат со нивните и да не им дозволуваат лесни шутеви и поени“, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА