Тренерот на Голден стејт и селектор на САД Стив Кер, денеска кажа дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе се повлече од селекторската позиција на американската кошаркарска репрезентација.
Кер кажа дека ќе ја продолжи традицијата да биде селектор само на еден циклус од СП и на Олимписки игри, како што беше тоа со неговиот претходник Грег Попович.
„Не, нема да бидам селектор после Олимписките игри. За мене тоа е двогодишен циклус. И Грег Попович беше на Светското првенство 2019 и Олимписките игри 2021 година. Сега е на ред јас да ја предадам позицијата“, рече Кер.
Кер потврди дека разговарал и со Стеф Кари за настап во Париз идната година, и дека од кошаркарот добил потврден одговор дека има желба да заигра за селекцијата на игрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА