Стивен Џерард се враќа на местото на успехот

Англискиот стручњак Стивен Џерард е главен кандидат за клупата на шкотскиот Ренџерс, каде веќе седеше од 2018 до 2021 година, објави Дејли Мејл.

Како што пишува лондонскиот весник, челниците на Ренџерс сакаат да го вратат 44-годишниот Џерард кој во првиот мандат им ја донесе титулата шампион на Шкотска во сезоната 2020/21.

Џерард веднаш по освојувањето на таа титула се пресели на клупата на Астон Вила, но не се снајде најдобро во клубот од Бирмингем. Слично беше и во Ал Етифак од Саудиска Арабија, каде Џерард работеше од летото 2023 година до јануари оваа година.

Во текстот на Мејл се посочува дека по заминувањето на привремениот менаџер Бери Фергусон, клубот сака поискусен стручњак.

На крајот се заклучува дека Џерард би можел да биде назначен за нов-стар менаџер на клубот до крајот на мај или почетокот на јуни.

Се вчитува...