Слоун Стивенс со три победи ја мина групната фаза на ВТА финалниот турнир во Сингапур откако во последното коло од „црвената“ конкуренција ја победи Анжелик Кербер со 2-0 во стови. Американката ги доби двата сета со идентични 6-3. За Кербер турнирот завршува.
Заедно со Стивенс која завршува на првото место преку оваа група во полуфиналето оди и Кики Бертенс како второпласирана.
Во полуфиналните дуели кои се закажани за утре ќе се сретнат Стивенс со Плишкова и Свитолина со Бертенс. Од турнирот беше елиминирана ланската победничка, Каролине Возњаки, а не учествуваше поради повреда, водечката на ВТА листата, Симона Халеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА