Креативецот на Работнички, Остоја Стјепановиќ верува дека македонскиот тим има реални шанси за пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа.
„Романтичарите“ утре од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го играат првиот натпревар против Хонвед…
„На нас е да го дадеме максимумот. Имаме квалитет, работевме напорно во текот на подготовките, мислам дека сме добро воиграни и ќе дадеме се за да се пласираме во следното коло. Хонвед е квалитетен тим, но и ние имаме верба во себе. Секако посакуваме триумф на првиот меч во Скопје. Во голема мера резултатот од овие дуели ќе зависи од нас самите“ – истакна Стјепановиќ.
Експедицијата на Хонвед денеска доаѓа во Скопје. Официјалниот тренинг Унгарците ќе го одработат од 17:30 часот на тренинг центарот на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА