Сто отстотна Македонија пред „пеколниот“ јуни (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација ја запиша втората победа на маротовскиот репрезентативен собир. По триумфот над Малта во квалификациите за ЕВРО 2024, избраниците на Благоја Милевски славеа и во пријателскиот натпревар против Фарски Острови, овој пат со 1-0 благодарение на голот на Бојан Миовски.

Натпреварот на кој недостасуваше поддршката од трибините, селекторот Благоја Милевски го искористи за воигрување на нови варијанти пред „пеколниот“ јуни во кој „црвено-жолтите“ ги очекуваат натпревари со Украина дома и Англија на гостински терен во Манчестер.

 

Се вчитува...