Стоечки овации за Федерер на Вимблдон (видео)

Роџер Федерер веќе не е професионален тенисер, но Швајцарецот останува легенда на „белиот спорт“ почитувана буквално на сите делови од Европа и светот.

Тој беше специјален гостин на денешната програма на централниот терен во Вимблдон, каде Федерер доби стоечки овации од сите присутни во арената, по што го зазеде своето место во „кралската ложа“, седнувајќи до принцезата Кејт Мидлтон.

Роџер Федерер освои пет титули во низа на Вимблдон од 2003 до 2007 година, по што до крајот на кариерата стигна до уште три пехари на овој престижен турнир, во 2009, 2012 и во 2017 година.

Се вчитува...