Ветераните на Македонија и на Бугарија денеска во Варна ќе одиграат специјален хуманитарен натпревар во чест и спомен на жртвите во големата трагедија во Кочани и со финансиска цел средствата собрани од мечот да бидат барем мала помош за семејствата на насраданите.
Оваа средба се игра на иницијатива на „Национали 94“, фондација основана од легендарната бугарска генерација од 1994 година, предводена од Христо Стоичков кој пред мечот вели дека како луѓе, соседи и пријатели едноставно се должни да помогнат во оваа ситуација.
„Заеднички ние во регионов сме преживеале многу работи, но кога мои пријатели, наши пријатели, наши браќа, мои колеги, наши колеги го доживеаа тој ужас во Македонија, ние како спортити и луѓе сме должни да помогнеме на оние на кои им е потребно“ – вели Стоичков.
Средбата е закажана за 16 часот, а на истата ќе се појават многу познати имиња, легендарни фудбалски имиња од двете земји. Македонските легенди, предводени од Горан Пандев, а во тимот во кој се и Најдоски, Целески, Стојковски, Мицевски, Мемеди, Беќири, Христов, Канатларовски, Марковски, Игор Митревски, Ибраими, Шаќири.., а од клупата водени од Ѓоко Хаџиевски, вчера пристигнаа во Варна пред денешниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА