Стоичков со „најотровни стрели“ по Ван Гал: Тој е најлош човек кој го знам, безвреден лажго!

Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков распали по својот поранешен тренер, холандскиот стратег Луис Ван Гал, за кого вели дека е лош човек кој не знае да комуницира со никого околу себе.

„Луj? Koj e бре тој Луис, Луј? Не сакам ниту да му го изговорам името. Кога се зборува за него, немам никакви емоции во себе. Можам да кажам дека е голем професионалец, тоа никој не може да го негира. Но како личност е едноставно нешто најлошо што може“ – вели Стоичков во интервјуто за „Релево“ и дополнува:

„Можеби и јас сум понекогаш лош но верувајте не постои некој како него. Ајде да зборуваме за друг човек, не за него. Тој не вреди ништо за мене, тој е лажго за кој не сакам да изгубам ниту една минута. Едноставно не вреди како човек“.

Но, затоа пак има убаво мислење за неговиот сонародник Јохан Кројф.

„За разлика од него, Јохан Кројф имаше човечки манири. Откако ја освоив ‘Златната топка’ во 1994 година, го видов Јохан со солзи во очите. Тоа ме натера да сфатам дека тој за мене е како татко, вистински господин“ – вели Стоичков.

Се вчитува...