Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков, реши да ги подари акциите што ги имаше во ЦСКА Софија, отстапувајќи ги без никаков надомест на доминантниот соптвеник, Националниот фонд за Спорт, култура и наука на Бугарија.
Стоичков се реши на ваков потег откако ја прифати поканата на Џани Инфантино да стане дел од тимот на претседателот на ФИФА, задолжен за реализација на проектите во Источна Европа на светската куќа на фудбалот. Сите членови во вакви проекти не смеат да имаат свој удел во клубови во татковината, поради што Стоичков реши да се повлече од улогата ко-сопственик во ЦСКА.
„Ја прифатив поканата да бидам прв човек ан Џани Инфантино во комисијата за проекти на ФИФА во Источна Европа. Позицијата е стратешка за иднината на европскиот и на бугарскиот фудбал и јас ќе дадам се од себе за да ја извршувам на најдобар можен начин. За да нема конфликт на интереси, решив да ги донирам акциите од ЦСКА кои беа во моја сопственост, тоа е одлука донесена согласно правилата на ФИФА што ги почитувам – но ветувам, ништо не може да ја скрши мојата врска со клубот што ме лансираше во светот на фудбалот“, објави Христо Стоичков.
фото: Спортал.бг
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА