Никола Стоилевски е најновото засилување за тимот на Тинекс Пролет, откако скопскиот клуб потпиша договор со 25-годишниот ракометар.
Стоилевски настапува на позицијата десно крило и дополнително ќе ја засили конкуренцијата во тимот предводен од тренерот Матлиески.
„Негов последен клуб беше РК Охрид, а претходно во кариерата ги има брането боите на првиот и на вториот тим на Битола. Минатата година Стоилевски настапуваше и на неколку пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија. Му посакуваме на Никола Стоилевски добредојде во семејството на Тинекс Пролет“, се вели во клупското соопштение на скопскиот суперлигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

