Магдалена Стоилковска не успеа да се пласира на завршниот ИТФ фјучрс турнир во Лопота, Грузија откако во финалето на квалификациите претрпе пораз од Дарја Сувирџонкова со 2-1 во маратонски меч кој траеше два и пол часа.
Македонката го доби првиот сет со 6-4, но Србинката успеа да се врати во вториот сет со победа од 6-2, а потоа го доби и одлучувачкиот трет сет со 6-1.
Како потсетување, Лина Ѓорческа директно се пласираше на турнирот во Лапота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА