Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска загуби во првиот свој натпревар во новата 2025 година, на стартот од ИТФ фјучерс турнирот во Најроби.
Стоилковска беше поразена од Лорена Шедел во три сета со 6-3, 4-6, 6-2, за два часа и 40 минути игра на теренот.
Македонската тенисерка следната недела ќе настапи ина уште еден ИТФ фјучерс турнир во Најроби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА