Стоилов: Ајде Европа уште еднаш да ги запамети Вардар и Македонија!

Македонскиот шампион Вардар сезона ќе има можност во Келн да ја брани и европската титула. „Црвено-црните“ може да запишат историја, со златни букви запишувајќи го, и своето и името на Македонија, во аналите на европскиот ракомет.

Свесни се за тоа и таборот на Вардар, но потенцираат дека сето тоа не се чувствува како некаков притисок но само како мотивација за ново успешно издание на Ф4 турнирот…

„Нема да биде воопшто лесно да се повтори успехот од минатата година. Но, не треба да се оптоваруваме со некаков притисок дополнително, но едноставно да ужуваме во овој нов пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа, да ужуваме повторно под светлата на европскиот ракомет. Секако, како и секогаш досега, со поддршка и од нашите најверни навивачи посакуваме повторно да дојдеме до финале и до трофеј, па Европа уште еднаш да слушне за Вардар и Македонија. Ако одиграме како што знаеме и умееме тогаш тоа нема да биде проблем да се реализира“ – вели капитенот на македонскиот тим, Стојанче Стоилов пред утрешното полуфинале со француски Монпелје.

„Монпелје игра одличен ракомет. Тоа е екипа која знае да изненади, но добро сме подготвени за оваа пресметка. Секако, анализиран е противникот, а желбата е да стигнеме до триумф за финале“.

Се вчитува...