Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, не го криеше разочарувањето по слабото издание на „црвено-црните“ во второто полувреме во Барселона, што резултираше со убедлив пораз од каталонскиот гигант.
„Честитки до Барселона за победата, особено на голманот кој знаеше како да ја искористи нашата конфузност. Имавме добро прво полувреме, а потоа со десет конфузни минути загубивме се што градевме претходно. Барса ги искористи нашите грешки и ги претвори во своја убедлива победа“ – изјави Стоилов по вечерашниот пораз.
Вардар ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази по ред во ЛШ на гостувањето против Брест Мешков, наредниот викенд во Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА