Стоилов: Да живее Вардар, да живее Македонија!

Капитенот Стојанче Стоилов не ја криеше гордоста што вторпат излегува пред илјадници фанови на плоштадот во центарот на Скопје, како освојувач на ракометната Лига на шампиони.

Добро вечер, Скопје, добро вечер Македонија. Ова вторпат го кажувам… скопски Вардар – европски првак“ – извика Стоилов пред илјадници Македонци, предизвикувајќи еуфорија меѓу присутните.

„Овие што ги гледате зад мене, тоа се најголемите амбасадори на нашата држава. Голем голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си отидат во нивните држави. Ќе кажуваат, си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте – најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“ – дополни капитенот Стоилов.

Се вчитува...