ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Вардар успешно го мина тестот наречен Загреб во Лигата на шампионите, па „црвено-црните“ сега мислите целосно ги насочија кон освојување на првиот пехар сезонава, оној во СЕХА-лигата. Ривалот не е нималку наивен, Брест Мешков сезонава два пати ги совлада во регионалното натпреварување. Тоа ја зголемува самодовербата во таборот на белорускиот состав, кој воедно е и домаќин на Ф4 турнирот, но според Стојанче Стоилов тоа е позитивно за македонскиот шампион.
„Ова е осми фајналфор турнир за Вардар и целта секогаш е иста – освојување на пехарот. Немавме многу време за подготовки, но околностите се исти за сите екипи. Мешков гледа на себе како на фаворит, има добар тим, игра на домашен терен… Тоа е добро за нас, ривалот да е фаворит, таквата улога ни одговара бидејќи притисокот сигурно ќе биде врз Белорусите“ – изјави Стоилов.
Полуфиналето меѓу Вардар и Брест Мешков се игра утре со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА