Вардар е на прагот да испише историја и да се пласира на завршниот Ф4 турнир во Келн. В четврток во „Јане Сандански“ гостува Фленсбург во реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов вели дека тимот е подготвен за финалната пресметка, за да ги оствари своите цели.
„Не очекува втор натпревар со Фленсбург за пласман на Ф4 во Келн. Имаме позитива од два гола од првиот меч, но тоа не треба да не опушта премногу. Имаме одличен резултат, екипата е подготвена и се надевам дека нема да разочараме. Долго го чекаме тој Ф4 и мислам дека е сега шанса да се пласираме, пред нашата публика и да се израдуваме заедно со нашата публика. Од нас зависи. Ако одиграме како што знаеме, резултатот не треба да биде доведен во прашање“, изјави Стоилов на прес – конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА