Стоилов: Купот беше само лош ден, ова е нов натпревар против Струга ТЛ

Денеска на програмата се два натпревари од новото дванаесетто коло од ПМФЛ шампионатот, а во едниот се среќаваат екипите на Македонија ЃП и Струга ТЛ.

Овие два противника веќе имаат меѓусебно искуство сезонава, и тоа непријатно за денешниот домаќин.

Струга во рамките од 1/8 финалето од националниот Куп во Ѓорче Петров победи со по малку неверојатни 0-5, по што многу прашања се отворија и во обата табора.

„Можам слободно да кажам дека тоа за нас беше само еден лош ден. Тоа не беше ниту е во моментов вистинската слика за тимот на Македонија ЃП, и во тоа ќе се уверите токму денеска. Научивме многу од тој дуел, пред се како да се однесуваме на терен, како да реагираме на негатива, и ред други нешта. Таа лекција е научена. Македонија ЃП има квалитетен тим, што не е ранлив лесно и тоа ќе го докажеме на терен. Одиме да ги освоиме трите бода денеска, како што впрочем правиме секогаш кога играме пред нашите навивачи“,  вели Ѓорѓи Стоилов.

Се вчитува...