Вардар не успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите по поразот од Монпелје во полуфиналниот дуел на Ф4 турнирот во Келн. Видливо беше разочарувањето кај вардарци по поразот и пропуштената шанса, посебно кај капитенот Стојанче Стоилов.
„Тежок меч. Не се чувствувавме добро, тоа се гледаше. Монпелје играше многу агресивно. Имавме своја шанса. Тие имаа и малку повеќе среќа во финишот. Тоа е спортот. Ние минатата година така победивме, сега ни се врати. Им честитам за одличната игра, заслужија да бидат во финалето. Тоа е тоа. На Ф4 нема фаворит, сите имаат шанса. Ете, тоа се покажа и сега. Двете екипи што условно беа аутсајдери сега се во финале. Нема тука математика. Кој има повеќе мотив, повеќе среќа повеќе се…тој е во финале“ – изјави Стоилов
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА