Стоилов: Не се залетувавме, задоволен сум со победата

ЕКИПА во Минхен

Стеван Цаневски

Пикерот на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов во воведниот натпревар од Светското првенство против Јапонија постигна шест гола од осум обиди и го доби признанието – играч на натпреварот. Стоилов смета дека дека триумфот не бил толку лесен како што изгледа според резултатот.

„Немаше грч пред натпреварот, само не се залетавме, одиме чекор по чекор, нема потреба да брзаме, во овој формат има многу натпревари, не беше лесно на теренот како што изгледаше. Задоволен сум со победата. Имаме за поправање во одбраната. Со Бахереин повторно сме фаворити. Потоа на следните три ке одиме на се или ништо. Се надевам дека со Бахреин ќе биде полесно, за да добијат шанса и дебитантите, ние да одмориме и освежени да одиме натаму“ – изјави Стилов.

 

 

Се вчитува...