Македонија ЃП утре против Вардар го продолжува походот кон нов успех во Купот. Актуелниот освојувач на трофејот има меч против најтрофејниот македонски клуб на гости. Во првенството овој меч го добија „црвено-црните“, што беше нивна прва победа во шампионатот.
Од таборот на „лавовите“ најавуваат дека нема да го потценат Вардар, и покрај проблемите со кои се соочува сезонава. Велат дека клубот и покрај сите проблеми, има мотивација да се надигрува со секого.
„Како да го потцениме најтрофејниот македонски клуб, но утре треба да докажеме дека сме мајстори во купот! Македонија ЃП утре оди на победа, и со тоа да го започнеме патот кон трета историска куп титула во низа, кој до сега ниту еден клуб не го постигнал тоа. Вардар може да е во финансиска криза, но мотивацијата не им е проблем, тоа го покажаа на секој натпревар до сега“, изјави Ѓорѓи Стоилов, играчот од средниот ред на Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА