Стоилов од прв тренинг со репрезентацијата (фотогалерија)

Со првиот тренинг од кој дел беа четири репрезентативци е означен стартот на подготовките за претстојното ракометно ЕП што во јануари ќе се одржи во Хрватска.

Горан Крстески и Гоце Ојлески од Работник, како и Стојанче Стоилов и Мартин Поповски од Вардар, се ракометарите кои од денеска почнаа со работа. Како што информираат од националниот тим, ова се прави со цел да останат во тренажен процес во период во кој нивните екипи во текот на минатата седмица „прогласија одмор“, а до официјалното екипирање ќе минат уште десетина дена. Со ракометарите работеа помошникот на Раул Гонзалес, Шпанецот Парондо, заедно со Александар Царчев, а на помош пристигна и голманот Никола Кизиќ од вториот тим на Вардар.

[new_royalslider id=”879″]

До крајот на неделава на овие четворица ќе им се приклучат и ракометарите на Металург, за во следната седмица националниот тим да се екипира со доаѓањето на селекторот Раул Гонзалес, кој божиќните празници ќе ги мине во Шпанија, како и интернационалците на од Германија, Филип Миркуловски и Филип Талески, кои ќе дојдат последни поради настапите во Бундес-лигата.

Се вчитува...