Стоилов: Одиме по позитивен резултат во Кратово

Денеска за екипата на Македонија Ѓ.П. продолжува овогодинешниот шампионат во Првата македонска фудбалска лига, односно третото коло по распоред. Во првите две средби „лавовите“ доживеаја порази од Струга Трим Лум и Шкендија, а сега ги очекува гостување во Кратово против Силекс.

Распоредот за Македонија ЃП на стартот од сезоната воопшто не е лесен. Во првите три кола тимот се среќава со три екипи со високи амбиции.

„Да, тоа е точно, распоредот не ни е најлесен, но тоа не е никакво алиби за евентуален нов неуспех. Напротив, доста беа порази. Одиме во Кратово по поволен резултат. Нема тука многу што да се дискутира. Не бевме комплетни ниту во Струга, ниту против Шкендија, но полека се враќаат и играчите кои недостасуваа. Затоа мислам дека е вистинско време за наш добар резултат. Да покажеме дека сме добар и воигран тим кој сезонава ќе има битна улога во домашниот шампионат“, изјави Ѓорѓи Стоилов.

Натпреварот во Кратово започнува во 17:00 часот.

Се вчитува...