Стоилов: Овие момчиња имаат „МАДИЊА ДО КОЛЕНА!“

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Стојанче Стоилов гордо капитенски го подигна најпрестижниот пехар во ракометниот свет – пехарот за шампионите на Европа. И во свој стил со многу возбуда и на оргинален начин ги поздрави своите соиграчи за освоената титула во Лигата на шампионите.

Јас сум многу горд што сум капитен на оваа екипа. Овие момчиња имаат „мадиња до колена!“ – возбудено рече Стојанче Стоилов.

Вардар во овој фантастичен настап на Ф4 во Лигата на шампионите постигна две големи победи против европските гиганти , прво падна Барселона, а потоа во големото финале и ѕвездениот ПСЖ. Пресуди карактерот и одличната игра на вардарци.

“Покажаввме карактер, испишавме историја. Барселона и ПСЖ се силни екипи, но ние знаевме што треба да направиме. Пресуди нашата одбрана и одличниот голман. Вардар е шампион на Европа. Ја израдувавме цела Македонија“ – вели Стоилов.

Се вчитува...