Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов пред стартот на Ф4 викендот во Скопје, најави дека Вардар е подготвен да ја одбрани титулата и да не ја повтори грешката од 2013 кога исто така играше на домашен терен, но во финалето загуби од ППД Загреб.
„Повторно играме во Скопје пред нашите навивачи, но се надевам дека сега нема да ни се повтори она што ни се случи првиот пат во 2013 година кога го загубивме финалето од Загреб. Се надевам дека сега ќе дојдеме до посакуваниот резултат. Во полуфиналето ќе се соочиме со екипата на Мешков Брест која ја респектираме максимално, но, сега се е во наши раце“ – вели Стојанче Стоилов.
Пикерот на Вардар кој изминатите денови пропушти дел од поготовките со македонската репрезентација во неделата на ЕХФ, поради повреда на задната ложа, истакна дека повредата е средена и дека ќе му биде на располагање на тренерот раул Гонзалес за претстојниот Ф4 викенд во СЕХА.
„Имав мала повреда, не е ништо страшно, сега се е во ред. Така е тоа во ракометот, повредите се составен дел“ – потврди Стоилов.
Вардар во утрешното полуфинале ќе игра против Мешков Брест (17.45 ч.). Во вториот полуфинален дуел се среќаваат ППД Загреб и Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА