ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Стојанче Стоилов смета дека покажаната игра во отсуство на Кире Лазаров е доказ дека македонската репрезентација се наоѓа на вистинска патека.
Тој потенцираше дека слабото издание на противникот се должеше токму на одличната дефанзива, по анализата и поставената тактика од стручниот штаб на македонската репрезентација.
„Мислам дека Словенците не играа најдобар ракомет, но ние ги натеравме да бидат такви, бидејќи бевме одлично подготвени. Бевме неискусни, на моменти немавме ниту среќа, имавме можност да стигнеме до триумф или најмалку до бод, но за жал тоа не се случи. Се надевам дека ќе играме вака и на наредните натпревари, со тоа што ќе ги намалиме грешките. Кире не играше ниту на последните натпревари, така што се навикнавме на тактиката без него. Покажавме дека можеме да играме и без Лазаров, што не е мала работа, оваа репрезентација е на вистински пат. Штета, на моменти видовме дека можеме и потоа земавме залет и во таа преголема желба грешевме. Треба само да ги намалиме тие технички грешки за да бидеме уште подобри на наредните натпревари“, изјави Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА