Пикерот на ракометната репрезентација на Македонија, Стојанче Стоилов поради повреда ќе го пропушти вториот натпревар против актуелниот светски шампион Данска.
Стоилов има проблеми со половината, па затоа Кирил Лазаров заедно со стручниот штаб не сакаат да ризикуваат, откако вчера забележавме вредна победа со која сме на чекор до ново учество на големите натпреварувања.
Ракометарите вечерва ќе го одработат последниот тренинг во Скопје, по што заминуваат за Алборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА