Стоилов: Разочаран сум од поразот, затоа што со Вардар сакам секогаш и секаде да победувам

Вардар загуби во финалето на турнирот „Струга 2020“ од најголемиот ривал во новата сезона за шампионската титула екипата на Е. Пелистер. Капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов не го криеше разочарувањето од поразот, но нагласи дека Вардар создава нов тим на кого ќе му биде неопходен период за вистинско воигрување…

„Ракометарите на Еурофарм Пелистер повеќе ја посакуваа победа и се бореа на теренот. Голманот Чаневски имаше свој ден во второто полувреме, успеа да одбрани неколку чисти шутеви кога се кршеше резултатот. Не сум задоволен со второто место бидејќи јас сакам да дојдам и да победам каде што играм со Вардар“ – ни изјави капитенот на Вардар по синоќешното финале во Струга, притоа дополнувајќи:

„Ова е нов Вардар. Нови ракометари со кои допрва ќе треба да се воиграме. Имаме простор и време за работа и мислам дека ќе бидеме добро квалитативно подготвени за сезоната која следува“.

Се вчитува...