Во последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар в недела во Скопје ја пречекуваат Висла Плоцк. Победа или најмалку бод им треба на „црвено-црните“ за да го задржат првото место на табелата и втора година по ред да обезбедат директен пласман во четвртфиналето на ЛШ. Вардарци го оставаат зад себе поразот од Нант во претходното коло и како што вели капитенот Стојанче Стоилов, со поддршка на публиката ќе атакуваат на победа против Висла Плоцк.
„Факт е дека на натпреварите со Нант и со Загреб во СЕХА не одигравме како што знаеме, но тоа е нормално, се случуваат такви работи во спортот. Во добра ситуација сме, играме на домашен терен и со помош на публиката ќе дојдеме до победа против Висла Плоцк. Се е во наши раце“ – истакнува Стоилов.
Натпреварот Вардар – Висла Плоц е на 4 март СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА