Стоилов: Секоја година велиме ќе биде подобро, но времето минува

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

 

Оставајќи го срцето на терен на секој натпревар, Стојанче Стоилов крајно емотивно ги прифаќа и поразите на македонската репрезентација во Вараждин. Тоа беше случај и со денешниот неуспех против Данска.

Ова е недозволиво. Да се бориш едно полувреме, да биде нерешено, а потоа да загубиш 11 гола разлика. Не знам што е причината, но вакви работи не треба да ни се случуваат“ – изјави Стоилов.

Тој беше крајно разочаран и од конечниот исход на Македонија на овој шампионат, особено по извонредните настапи во првата рунда во Загреб.

„Не знам што ни се случува, игравме толку добро во првата рунда, а потоа во Вараждин не го одржавме нивото. Имавме голема желба, но ете тоа не беше доволно. Не можам да сум задоволен, секоја година во ова време велиме дека ќе извлечеме поука, дека ќе играме подобро и ќе ја научиме лекцијата за следното големо натпреварување. И ќе дојде тоа следно и пак ќе ни се случи истото… Разочарани сме, ова требаше да биде тоа првенство што ќе биде наше, да одиграме за голем успех, но пак ни се повторија истите работи. Жал ми е бидејќи наскоро веќе ќе го немаме во тимот и Кире Лазаров, годините проаѓаат, а ние не дојдовме до успехот што го посакувавме и за кој сонувавме сиот овој период. Очигледно, она малку за што велиме дека ни недостига не е толку мало“ – истакна Стојанче Стоилов.

Се вчитува...