Македонија ЃП има педност на полувремето во дуелот против Арсими во рамките од 9. коло во Првата македонска лига. Голот го постигна Ѓорѓи Стоилов во 12. минута од средбата.
Домашниот тим имаше доминација во поседот на топката, но лесно можеше да се случи Арсими да дојде до израмнување. Игнатов од дваесетина метри се закани, меѓутоа неговиот удар заврши за малку крај голот.
„Лавовите“ можеа и до 2-0 преку Софијановски во 46. минута од средбата, но неговиот удар заврши крај голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

