Стоилов: Титулата му ја посветуваме на Дисингер

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов по триумфот над Загреб во финалето беше горд на успехот, но рече дека тимот не се радувал премногу поради тешката повреда на Кристијан Дисингер кој веројатно е загубен за до крајот од сезоната.

„Трета титула по ред, петта од осум. Груба игра, тоа го очекувавме, за жал нема преголемо славје бидејќи го изгубивме Дисингер. Воопшто не е наивно, затоа немаше преголемо славје. Оваа победа му ја посветуваме на Дисингер“ – вели Стоилов.

 

 

 

Се вчитува...