ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Вардар е во ново финале на СЕХА – лигата, откако во жесток полуфинален дуел успеа да го совлада Брест Мешков. Белорусите имаат ’ветар во грб’ од судиите и домашна публика како поддршка, но македонскиот првак на крајот дојде до посакуваната цел. Сега следи нов финален двобој против Загреб, а Стојанче Стоилов потенцира дека Вардар има победнички карактер.
„Беше напорно, имавме и мал пад на концентрацијата во второто полувреме, но успеавме да се кренеме и да победиме. Вардар уште еднаш го покажа победничкиот карактер. Во финалето не очекува Загреб, ќе биде тоа уште еден неизвесен меч, но ние сме подготвени и сакаме да го одбраниме трофејот во СЕХА“, изјави Стоилов по триумфот против Мешков Брест.
Финалето на Ф4 турнирот во СЕХА – лигата е закажан за утре, со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА