Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Стоименовски потпиша за тимот на Ал Јахра во кувајтската Суперлига.
Стоименовски, по разделбата со Тиквеш каде играше изминатава сезона, се одлучи да ја прифати понудата од кувајтскиот прволигаш, повторно враќајќи се на интернационалната сцена откако во минатото беше дел и од азербејџански Карабах.
Претходно во кариерата настапуваше и за екипите на Работнички, Борец, Македонија ЃП и Победа, во домашниот шампионат. Ги мина и сите младински селекции на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

