Стојан Ѓуроски го напушта Евре

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски не успеа да се договори со францускиот второлигаш Евре во кој настапуваше минатата сезона. Македонскиот крилен центар вели дека не успеал да постигне договор со францускиот прволигаш, а во моментов има понуди само од клубови од странство.

„Не останувам во Евре. Преговарав со клубот минатиот период, но не постигнавме договор. Засега имам неколку понуди од клубови од странство. Што се однесува до македонските клубови се уште немам добиено ниту една понуда“, изјави за ЕКИПА.МК Стојан Ѓуроски. 

Крилниот кошаркар сезонава во дресот на Евре забележа 20 настапи, на кои за 26.3 минути игра просечно бележеше по 8,4 поени, 3,3 скока и 3 асистенции. Покрај Евре, Ѓуроски во кариерата настапуваше и за Левски Софија, Хуеска и Мелила, додека во домашниот шампионат ги бранеше боите на Работнички, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи и Блокотехна.

Се вчитува...