Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски потпиша договор со Блокотехна до крајот на сезоната.
Ѓуроски беше без клуб по заминувањето од Карпош соколи, а со овој ангажман Блокотехна добива квалитетен играч со што ги потврдува амбициите за создавање тим со квалитетни домашни играчи.
“Со задоволство го потврдуваме ангажманот на Стојан Ѓуроски. Ѓуроски потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една. Со овој ангажман се надеваме дека ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели“, изјавија од Блокотехна за ЕКИПА.
За Ѓуроски ова е камбек во Гевгелија откако претходно играше за Кожув, во времето кога во управата беа актуелните челници на Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА