Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски не успеа со Хуеска да влезе во плејофот од втората шпанска лига, но одличните настапи во текот на целата сезона му овозможија на Ѓуроски нов трансфер пред самиот крај на сезонава. Крилниот кошаркар денеска потпиша договор со екипата на Мелилја, на која ќе се обиде да и помогне во обидот за влез во првата лига.
„Потпишавме договор со Стојан Ѓуроски, кој доаѓа како замена за Гедиминас Жиле по неговата тешка повреда на коленото. Ѓуроски беше еден од клучните играчи на Хуеска во регуларниот дел од сезоната“ – објави Мелилја на својата официјална веб-страница.
Македонскиот кошаркар денеска ќе пристигне во новиот клуб, а се очекува да дебитира за новиот клуб задутре, на првиот четвртфинален дуел од плејофот против Валјадолид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА