Меѓу 30 најдобри спортисти на Балканот за 2017 година во традиционалниот избор на Бугарската национална агенција (БТА), има двајца Македонци – ракометарот Стојанче Стоилов и кошаркарот Перо Антиќ.
Македонскиот репрезентивец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов е 10.најдобр спортист на Балканот за 2017 година, а Перо Антиќ е на 15.место. Титулата најдобар спортист на Балканот ја доби бугарскиот тенисер, Григор Димитров.
Во изборот на најдобрите спортисти на Балканот учествуваат наголемите новински агенции од регионот меѓу кои и Македонската новинска агенција (МИА).
Димитров ја заврши 2017 година со титула на завршниот Мастер турнир во Лондон и со трето место на светската АТП листа. Бугаринот доби 62 поени во анкетата на БТА. Со три поени помалку на второто место заврши романската тенисерка Симона Халеп, а трет е светскиот шампион на 200 метри, Рамил Гулијев од Турција со 29 поени.
Стојанче Стоилов кој во 2017 година со Вардар ја прослави шампионската титула во Лигата на шампионите, доби 16 поени. Перо Антиќ со 9 поени заврши на 15.место на балканската листа, а на 17.место со 8 поени е црногорската репрезентативкан во составот на Вардар, Јованка Радичевиќ.
Десет најдобри спортисти на Балканот за 2017:
- Григор Димитров (Бугарија) 62 поени
- Симона Халеп (Романија) 60
- Рамил Гулијев (Турција) 49
- Катарина Стефаниди (Грција) 48
- Сандра Перковиќ (Хрватска) 46
- Лука Модриќ (Хрватска) 31
- Елефтерос петруниас (Грција) 21
- Богдан Богдановиќ (Србија) 19
- Тијана Бошковиќ (Србија) 17
- Стојанче Стоилов (Македонија) 16
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА